Ибрахимовиќ: Никогаш не го напуштив Милан!

Златан Ибрахимовиќ откако пристигна во Милан, тимот нема пораз, односно оствари пет победи на шест натпревари. Швеѓанецот веќе одигра пет натпревари и постигна два гола. 

 Ветеранот вчера реализираше на „Сан Сиро“ против Торино во Купот на Италија за да ја запечати победата од 4-2 во продолженијата. Ибрахимовиќ денеска објави интересен пост на социјалните мрежи.

„Јас никогаш не го напуштив Милан', напиша тој. 

Ибрахимовиќ претходно играше за Милан од 2010 до 2012 година, па беше продаден во ПСЖ против своја волја. Тој секогаш изјавуваше дека „росонерите“ се најголемиот тим за кој играл во кариерата иако беше дел од Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Манчестер јунајтед. 

 Дека има инстант ефект на резулатите на клубот покажува и фактот дека Милан на претходните 17 натпревари пред неговото доаѓање забележа само шест победи, а откако е тој во тимот, пет триумфи на шест натпревари.