Ибрахимовиќ на босански до Круниќ: Требаше да паднеш! (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ не ги заборавил своите корени, а по дербито помеѓу Милан и Интер имаше совет за босанскиот интернационалец Раде Круниќ. 

Фудбалерот од средниот ред влезе во игра во второто полувреме, а во финишот од средбата имаше шанса да постигне гол. По натпреварот Ибрахимовиќ му се обрати на босански јазик.

„Падни доле, падни доле“, рече Ибрахимовиќ. Круниќ врати, „сакав да паднам, сакав да паднам“.

Шведскиот интернационалец сугерираше дека неговиот соиграч можеше да изнуди пенал, ако паднеше на земја при шансата, но Босанецот се реши за силен удар над голот.