Ибрахимовиќ: Манџукиќ потпиша, сега заедно ќе ги плашиме противниците!

Шведската суперѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ ги изнасмеа сите после мечот и победата на „росонерите“ на Сардинија против Калјари, откако го прокоментира новото засилување во негпвиот тим – Хрватот Марио Манџукиќ.

Манџукиќ веќе од завчера е во Милано и денеска треба и официјално да биде промовиран за нов фудбалер на миланскиот великан, со што нападот на тимот уште повеќе се засилува. Хрватот треба да потпише шестмесечен договор, со опција на лето да се продолжи соработката, а доаѓа како слободен играч.

„Марио Манџукиќ потпишал договор, ќе стане нов играч на Милан. Епа, сега ние двајца ќе служиме за – плашење на противниците“, рекол насмеаниот Ибрахимовиќ.