Ибра ги збуни сите: Милан е мојот втор дом, но Михајловиќ е неверојатен човек

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја заврши авантурата во Лос Анџелес и се очекува негово враќање во европскиот фудбал.

Во моментов голем број клубови му нудат нов договор на Ибрахимовиќ, но 38-годишниот Швеѓанец е најблиску до Серија А. Додека во игра за неговиот потпис се Милан И Болоња.

„Милан не е мој втор град, тоа е мој втор дом. Имам одлични спомени од таму. Ако постои проект, кој ќе ме мотивира, би можел да играм до 50 години“, вели Ибра.

На крајот зборуваше и за Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња, па ги „загреа“ шпекулациите за негова преселба во тој тим.

„Многу разговарам со Синиша. Тој е мој пријател, добра личност и неверојатен човек“, порача Швеѓанецот.