Ибра пак згрме: Не сум јас играч за Лига Европа, а и немам поим кој е тој Рангник!

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ не промашува, а да не се најде на насловните страници со свои изјави, па не поминаа ни два дена после една славна изјава за актуелната состојба во таборот на „росонерите“, тој повторно згрме.

Пред два дена Ибрахимовиќ објави дека е сè во Милан – играч, тренер, директор. Сега, пак, порача дека не е фудбалер за – Лига Европа. Милан нема шанса да стигне до место во ЛШ, па излез на меѓународна сцена е можен само во второто по ранг натпреварување.

„Ибра не е играч за Лига Европа, а и Милан не е клуб за во Лига Европа“, рече Ибрахимовиќ.

Кога го прашаа за новиот тренер, Германецот Ралф Рангник, кој треба да го преземе кормилото по завршување на сезоната, беше уште по арогантен.

„Кој е Рангник? Не знам кој е тој!“, посочил Ибра.