И турските великани се вклучија во потерата за Барди

Интересот за македонскиот репрезентативец Енис Барди, фудбалерот на Леванте, за кого од пред два дена понуда испратил лондонски Арсенал како најзвучен тим од четирите што се интересираат за фудбалерот за врска, во потерата за потпис сега се вклучуваат и турските гиганти Фенербахче и Галатасарај.

Прашање е дали Фенер и Галата ќе може да се носат финансиски со понудата од Лондон, но и двата турски тимови посакуваат да го добијат Барди, кој игра фантастично и за три години ептен го сврте вниманието кон себе откако од Ујпешт дојде на Пиринеите во летото 2017 година од унгарски Ујпешт.

Арсенал е засега во пол-позиција според најавите зашто „топиите“ веќе испратиле конкретна понуда за која шпански и англиски медиуми објавија дека изнесува 20 милиони евра, но сега сè е во раце на Леванте, зашто Барди има уште две години договор со клубот и откупна клаузула од 50 милиони евра, па шпанскиот клуб не сака да го продаде за помалку од 25 милиони.

Како што објавуваат турски медиуми, Фатих Терим веќе неклкупати разговарал со Барди за да го донесе во Галатасарај и не се откажува од таква опција, иако во ситуација кога Арсенал е сериозно заинтересиран тешко е дека Турците ќе успеат да победат во таа трка.