И Лион не попушта: Депај со два гола ги задржа шансите за титула или место во ЛШ (ВИДЕО)

Слично како и во Шпанија и во француската Лига 1 ќе биде пеколно во последни шест кола од сезоната, откако триумф во 32. коло оствари и четвртиот кандидат за титула односно за пласман во Лигата на шампионите, тимот на Лион, кој на домашен терен лесно и убедливо го совлада Анжeр (3-0).

Мемфис Депај беше творецот на успехот со два постигна гола, првиот за својот тим во 21. минута и третиот во 83. минута, додека вториот гол за домаќинот беше дело на Пакета.

Лион останува на четвртата позиција со 64. бодови, еден помалку од Монако, два од ПСЖ и пет од лидерот на табелата, Лил.