И Клоп нема да се сети кога последен пат негов тим не дал гол на четири меча по ред

Ливерпул влезе во голема резултатска криза во Премиерлигата и нема победа на последните пет натпревари во домашниот шампионат, а тренерот Јирген Клоп не памети кога негова екипа играла толку лошо.

Актуелниот англиски шампион на последните четири натпревари во Премиерлигата нема постигнато ниту еден гол, а такво нешто на Клоп му се нема случено уште од времето кога беше тренер на Мајнц во Бундеслигата, кога неговиот тим не постигна гол на четири дуели во период од ноември до декември 2006 година.

„Црвените“ на Клоп во Премиерлигата не успеаа да постигнат гол во поразите од  Барнли (0-1) и Саутемптон (0-1), како и во ремијата против Манчестер јунајтед и Њукасл.