И Каталонците му оддадоа почит на еден од најголемите: Ја сакам Барселона (ВИДЕО)

Голем шок за целиот свет беше веста за падот на хеликоптерот во кој зaгина поранешниот НБА кошаркар, Коби Брајант.

НБА лигата, каде помина 20 години, не ги одложи натпреварите синоќа, но сите се играа без некој поголем натпреварувачки дух, бидејќи кошаркарите и навивачите размислуваа само за легендата на ЛА Лејкерс и за неговата ненадејна смрт.

Покрај тоа што смртта на Коби го погоди САД, и Европа се збогува со еден од најголемите кошаркари на сите времиња, а многу фудбалски клубови му оддаваат почит на различни начини.

Меѓу оние кои му оддадоа почит е и каталонскиот гигант Барселона, објавувајќи видео клип од 2 минути и 20 секунди со неколку посебни моменти од неговата кариера, но и со инсерт во кој Коби во дресот на Барса вели: „Ја сакам Барселона“.