И играчите на Ливерпул се свртеа против Слот: Холанѓанецот може веднаш да си оди

Ливерпул минува низ еден од најтешките периоди во последните години, „црвените“ не се импресивни на теренот и редат неуспеси во низа.

По нерешениот резултат со Лидс (3-3), Мохамед Салах активира „бомба“ за можно заминувањето со многу поплаки за Арне Слот. Ова ги натера сите да се прашуваат што се случува, бидејќи во последните неколку часа вестите од Ливерпул се драматични и одат една по друга.

Англиските медиуми денеска објави дека капитенот на тимот, Вирџил ван Дајк ги собрал сите играчи во соблекувалната за да се обединат покрај Салах. И тој е незадоволен од работата на својот сонародник на клупата на Ливерпул, а како што тврдат медиумите, ја добил поддршката од останатите соиграчи.