И Диего Годин „избега“ од Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите во Италија веќе две недели се наоѓаат во карантин во домашна изолација поради пандемијата на коронавирус. 

Фудбалерите на Интер мораа да го завршат задолжителниот двенеделен карантин по мечот со Јувентус, бидејќи се покажа дека играчот на „Старата дама“, Даниеле Ругани, е заразен со коронавирус.

За среќа, сепак, никој во Интер не беше заразен, но играчите мораа да ги почитуваат правилата за домашна изолација. Сепак, сега е готово и некои во договор со клубот решија да ја напуштат Италија.

Еден од нив е Диего Годин кој се врати во Уругвај за да биде со семејството во овие тешки мигови.

Ја напуштив Италија со дозвола од клубот, лекарите и надлежните институции. Морам и тука да се ставам во карантин. На сите им давам препорака да останат дома бидејќи тоа е еди нствениот начин да се избориме со пандемијата порача Годин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Juntos lo superaremos, con responsabilidad y solidaridad!!

A post shared by Diego Godín (@diegogodin) on