Хулигани прекинаа тренинг на бундеслигаш и почнаа со закани: Знаеме каде живеете! (ВИДЕО)

Херта доживеа нов пораз во германската Бундеслига, и тоа против актуелниот шампион Баерн Минхен, кој славеше во Берлин со 4-1 и така ја продлабочи кризата на противникот, кој си има мака и со хулиганите.

Тимот е во серија од четири меча без победа, а во 2022 година имаат три порази и едно реми, па затоа навивачите на Херта го прекинаа тренингот во саботата за да им одржат лекција на фудбалерите.

Тренингот беше затворен за јавноста, но и покрај тоа хулиганите најдоа начин како да влезат на теренот и ги навредуваа фудбалерите поради нивните лоши настапи.

„Ова ви е последно предупредување, но знаете дека може да биде полошо. Знаеме каде живеете“, наводно биле пораките од хулиганите.