Хит во Египет: За користење социјални мрежи може да се остане и без пола плата! (ВИДЕО)

Многу клубови знаат често да им забранат на фудбалерите да користат социјални мрежи, поради одредени скандали кои ги создаваат, а претседателот на египетскиот клуб Замалек реши да им ги забрани сите социјални мрежи.

Неговиот говор стана хит на социјалните мрежи, а иако забрани снимање, сепак видео се појави она социјалните мрежи.

„На никој од вас не му е дозволено да има Фејсбук. Изберете меѓу клубот и вашиот Фејсбук или Инстаграм. Кој ќе отвори профил на социјална мрежа, ќе остане без половина плата, а секоја објава ви носи дополнителна казна“, порача претседателот.