Хет-трик на Меси, Барселона со „петарда“ за Леванте и Барди! (ВИДЕО)

Барселона имаше фантастичен натпревар против Леванте (5-0) во 16. коло од шпанската Ла Лига, а Лионел Меси беше главна ѕвезда на мечот.

Луис Суарез го отвори резултатот во 35. минута од мечот и покрај добриот старт на Леванте, а до крајот на првите 45 минути Лионел Меси погоди за 2-0.

Меси во 47. минута зголеми и на 3-0, а потоа во 60. минута постигна хет-трик и Барселона имаше водство од 4-0. Каталонците беа незапирливи денеска, па Жерар Пике во финишот од мечот, по асистенција на Меси, ги постави конечните 5-0 во 88. минута.

Барселона останува на првата позиција со 34 бода, додека зад нив се Севилја и Атлетико Мадрид со по 31 бод, а Реал Мадрид има 29. Додека екипата на македонскиот репрезентативец Енис Барди, односно Леванте со денешниот пораз остана на осмата позиција со 22 бодови.