Херта победи во Хамбург за опстанок во Бундеслигата (ВИДЕО)

Херта славеше со 2-0 на реваншот против Хамбург на гостински терен во баражот за опстанок во Бундеслигата. 

Тимот од Берлин го надомести поразот од 1-0 на свој терен од пред неколку денови. Дефанзивецот Дедрик Бојата погоди по корнерот на Марвин Палтенхард уште во 4.минута. Асистентот на првиот гол беше стрелец на вториот за Херта во 63.минута од слободен удар. 

По оваа победа Херта и следната сезона ќе игра во елитата, додека Хамбург останува во втората лига.