Хаверц со фантастичен гол му донесе победа на Леверкузен (ВИДЕО)

Екипата на Баер Леверкузен го совлада Фрајбург со 0-1 во првиот натпревар од 29-то коло на германската Бундес лига.

Во интересен и тежок дуел, на крајот, победникот беше решен со еден погодок, кој беше дело на фантастичниот Каи Хаверц.

Немаше голови по првите 45 минути, а главни виновници за тоа беа голманите. На стартот од второто полувреме, Леон Бејли брилијантно го проигра Каи Хартц, а овој одлично ја смести во мрежата. По голот, се играше прилично изедначено со по неколку обиди на двете страни.

Со овој триумф, фармацевтите направија крупен чекор кон пласман во ЛШ. Барем за еден ден, тие го зазедоа третото место и секако се меѓу главните кандидати за пласман во елитното европско натпреварување.