Хаос во Палермо: Челниците се испокарале зашто Несторовски не бил продаден!?

Вистински пожар избувна на Сицилија откако поранешниот претседател Клив Ричардсон како претставник на конзорциумот „Глобал Фјучр Спорт“ (ГФЦ) објавил детали од тоталниот хаос во клубот во кој свој дел има и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Со ГФЦ според плановите требало да се направи реконструкција на клубот од „Ренцо Барбера“, но уште на старт работите запнале во секој дел – финансии, планови, стратегија... Дури и за зимскиот преоден рок имало бура.

Ричардсон објави дека ГФЦ бил принудуван да одработи трансфер за Илија Несторовски во сплетката во која се вклучиле и актуелниот човек што го води клубот Емилијано Фасиле.

„Јасно беше дека Фасиле сега го води клубот и ние не бевме вклучени во никаква дневна операција. На 25 јануари не контактираше Доминик Вајт и Фасиле за да се најдеме со господинот Фоски за да разговараме за преодниот рок. Се договоривме да се сретнеме на 28 јануари. Дојдов со просториите на Фасиле и Корадо Коен и утрото на состанокот, овие двајца побараа од нас да го продадеме Несторовски за да заработиме пари за клубот. Им објаснив дека не е паматен потегот, зашто ќе реагираат навивачите. Се работеше за понуда која Фоски ја имал од Мексико (Клуб Америка – н.з.), која понудила шест милиони фунти за Несторовски. Но, фудбалерот не сакаше да оди во Мексико. Потоа побараа подобар договор од нас во Велика Британија. Потоа Фоски сам побара да биде сменет“, вели сега веќе поранешниот прв човек на сиилијанците.