Ханси Флик ќе се предомисли и ќе остане тренер на Баерн под еден услов!

Актуелниот тренер на германскиот првак Баерн Минхен, Ханси Флик денеска најави дека побарал да се прекине соработката со најтрофејниот германски клуб после мечот со Волфсбург, но според еден германски новинар постои сѐ уште шанса да се предомисли, но само под еден услов.

Одамна е познато нетрпението што постои помеѓу Флик, кој го однесе Баерн до „триплета“ во минатата сезона, вклучувајќи ја и европската круна со актуелниот спортски директор Хасан Салихамиџиќ. И токму тоа е условот за Флик да остане, само ако босанската легенда си замине од баварската гордост.

„Како прво, Флик има мнозинска поддршка од Управниот одбор на Баерн, а прво тие треба позитивно да одговорат на неговото барање за раскин на договорот. Но, ако клубот реши да раскрсти со спортскиот директор Салихамиџиќ, многу веројатно е Флик да остане на клупата“, тврди новинарот Флоријан Петенберг.

Флик во излагањето за побараниот раскин на договорот не ја објави причината, а сите тврдат дека е поврзана со Салихамиџиќ, иако неговото име се споменува како прва опција за селекторската функција кај „елфот“ откако Јоаким лев ќе си оди по Евро 2021 после 15 години на клупата.

Флик во Баерн дојде во ноември 2019 година како привремено решение после отказот на Нико Ковач, па го препороди Баерн и во 81 меч досега победи на 67, а само осум пати одигра реми и загуби на шест меча, но испадна во четвртфиналето во ЛШ сезонава.