Хамес Родригез останува во Мадрид, но не во Реал

Се чинеше дека Хамес Родригез е многу близу до преселба во редовите на Наполи, но по се изгледа Колумбиецот од Реал Мадрид ќе се пресели во градскиот ривал Атлетико. 

Фудбалерот сака да остане да живее во Мадрид, а бидејќи нема иднина во Реал, тој има желба кариерата да ја продолжи во Атлетико, пишува „Марка“. 

Изминатите две сезони Родригез ги мина на позајмица во редовите на Баерн Минхен, кој одлучи да не го откупи неговиот договор од „кралевите“. Тој не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан за следната сезона, па трансфер во Атлетико е реална варијанта.

Сега само градските ривали треба да се договорат околу обештетувањето.