Хамес е голем човек: Ќе донира дел од платата за негов поранешен клуб!

Хамес Родригез неодамна се пресели од Реал Мадрид во Евертон, а на овој трансфер посебно се израдуваа од редовите на аргентински Банфилд, кои се надеваа дека ќе добијат три проценти од сумата за трансферот, но на крајот останаа со празни раце.

Евертон ќе му плати 25 милиони евра на шпанскиот шампион, но низ различни клаузули, па така на аргентинскиот тим не му следи ништо и тие останаа без пари.

Меѓутоа, Хамес реши да покаже дека е голем човек. Тој ќе донира дел од своите плати во Банфилд и ќе помогне на нивните младински тимови за да имаат подобар развој.

Колумбиецот во тимот на Банфилд играше од 2008 до 2010 година.