Хамарби реагираше на објавата на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја шокираше јавноста утринава, откако на Инстаграм објави дрес на Хамарби со неговото име, па многумина помислија дека потпишал за нив.

Во претодните недели се шпекулираше за многу клубови, но информацијата за Хамарби целосно ја изненади јавноста, по што пристигна одговор и од Шведска, поточно од портпаролот на прволиграшот, Аксел Першаген.

„Ибрахимовиќ во моментов не е со нас и немам што да кажам на таа тема. Ако стане наш фудбалер, односно ако потпише договор, ќе објавиме на нашата страница. Кога станува збор за засилувања, треба да разговарате со Каспер Јансон или Хенрик Киндлун“, порача тој.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@hammarbyfotboll

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on