Халанд пред трансфер во Германија, веќе имал средба со „Mилионерите“!

Со одличните партии во дресот на Салцбург, Ерлинг Халанд, ја воодушеви фудбалската јавност.  

Норвешкиот вундеркинд има постигнато 28 голови за австрискиот тим на 22 одиграни натпревари досега, а кога е така, не е ни чудо што е еден од најбараните фудбалери во моментов.

Долг е списокот на клубови кои би сакале да го видат Халанд во своите редови, а  најновите информации велат дека 19-годишниот напаѓач во моемнтов е најблизу до трансфер во Бундеслигата, поточно во Борусија Дортмунд.

Голем број на медиуми од Германија пишуваат дека Халанд веќе пристигнал со приватен авион на аеродромот во Дортмунд во средата, од каде го прибрал еден од агентите на Борусија, а причината е, се разбира, преговори со „Милионерите“.

Тоа го потврди и поранешниот фудбалер на Ајнтрахт, Јан Фјертофт кој објави стори со Халанд додека бил во Дортмунд.