Халанд нема голема откупна клаузула, ама гигантите не може да го купат!

Норвешкото чудо од дете, Ерлинг Браут Халанд веќе цела сезона го воодушевува светот, откако не запре со давање голови па досега стигна до бројка од 39 на 29 меча прво во дресот на Ред Бул Салцбург, а сега во Борусија Дортмунд, па урна еден куп рекорди како тинејџер и во ЛШ, а и во германската Бундеслига.

Па, иако не е ни завршена сезоната, а Халанд нецели два месеци е во новиот клуб, европскиот фудбалски великани веќе сакаат да го купат. И се распрашуваат за цената, зашто вакво голгетер со голем потенцијал не се пропушта. На крај, великаните дознале дека Халанд и не е така скап, арно ама – не може да го земат.

Норвежанецот има откупна клаузула од 75 милиони евра, што за фудбалер кој веројатно ќе стигне до 50 гола во сезонава и не е нешто премногу, посебно зашто станува збор за 19-годишно дете, кое допрва треба да се развива и да го достигне врвот. Сепак, оваа „ситна сума“ како што ги исрадува гигантите, експресно втор момент ги разочара. За трансфер ќе мора да чекаат до идното лето, во 2021 година. За летово, Халанд не е на продажба.

Дортмунд сакал да стави откупна клаузула од 100 милиони евра, но проблем бил контроверзниот менаџер Мино Раола. Тој и таткото на Ерлинг сакале двојно помала, од 50 милиони, па на крај е дојдено до компромис за – 75 милиони евра.

Норвежанецот од Салцбург дојде на „Сигма Идуна Парк“ за 20 милиони евра.