Гвардиола знаел за лудата забава на своите фудбалери: Сигурно им било многу убаво

Изминативе неколку денови главна тема на Островот е фудбалскиот клуб Манчестер Сити, поточно неговите фудбалери.

Имено, тие привлекоа многу внимание откако ангажираа 22 италијански манекенки за забава што се случи по нивната победа над Астон Вила од 6-1.

Иако играчите на англискиот шампион сакаа да сокријат сè што се случува, девојките се пофалија на социјалните мрежи додека престојуваа во хотелот, па наскоро сите коцки се сложија.

Менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, знаел за лудата ноќ на своите фудбалери, а тоа го потврди и со последната изјава која ја даде за британските медиуми.

Знаев за тоа. Кога имаат време, често го поминуваат заедно. Јас сакам кога излегуваат и се дружат. Понекогаш се дома, понекогаш во ресторан, како и сега. Сигурно им било многу убаво, истакна Гвардиола.

Сепак, сопругите и девојките тоа не го поднесоа добро, а многумина имаа проблеми откако се дозна за забавата.