Гвардиола за година ипол завршува со Сити, па ќе се пресели во – САД!

Еден од најдобрите светски тренери, Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити кој веќе најави дека ќе си замине по истек на договорот за година ипол, во летото 2023 година, својата кариера нема да ја продолжи во Европа, туку во САД, најавија англиски медиуми.

Според последните најави, Гвардиола, кој беше тренер на Барселона и Баерн Минхен, пред да дојде на „Итихад“ ќе се пресели во американската филјала на Сити, Њујорк Сити, МЛС-лигашот кој е дел од џиновската франшиза на шеикот Менсур и групацијата „Сиги Груп“ од Абу Даби.

Гвардиола откако дојде во Сити, овој актуелен англиски првак освои три титули во Премиерлигата, еден ФА-Куп, четири Лига-купови и двапати Комјунити-шилд, а минатата сезона играше во финалето на Лигата на шампионите.