Гвардиола враќа уште една ѕвезда на „Итихад“ и тоа - бесплатно!

Англискиот гигант Манчестер сити планира да ангажира нови засилувања по лошиот старт на сезоната во Премиерлигата, а на листата со желби на тренерот Пеп Гвардиола се наоѓа уште еден поранешен фудбалер на тимот, а тоа е Лирој Сане.

Сане има договор со Баерн Минхен до крајот на сезоната, а според дел од германските медиуми нема намера да стави потпис на нова соработка со бундеслигашот и тоа значи дека може слободно да си бара нов тим.

Манчестер сити сака да ја искористи ситуацијата и да го врати Сане, кој играше за „граѓаните“ од 2016 до 2020 година, односно да направи идентичен потег како со Илкај Гундоган.

Да потсетиме, Гундоган се врати на „Итихад“ бесплатно откако претходно го носеше дресот на Барселона.