Гвардиола со џентлменски одговор по срамниот потег на Сари (ВИДЕО)

Манчестер сити го декласираше Челси со 6-0 на „Итихад“, по што тренерот на лондонскиот гигант Маурицио Сари не сакаше да се поздрави со Пеп Гвардиола, па беше жестоко критикуван од светската јавност.

Тренерот на „граѓаните“ не сакаше да влегува во вербална пресметка со Сари, иако некои тренери тоа сигурно ќе го направеа.

„Не ме забележа. Имам добар однос со него, немаме никакви проблеми. Тие победија во Лондон. Луѓето не разбираат колку е тешко. Во мојата прва сезона во Англија исто така беше тешко“, порача Гвардиола.