Гвардиола повторно купува бек

Откако го превзеде Манчестер сити, Пеп Гвардиола мака мачи со бековите.  Тој вложи многу пари за да ја реновира дефанзивната линија, но поради честите повреди мораше на тие позиции да ги ротира играчите од средниот ред како, Зинченко и Делф.

За да ги спречи ваквите проблеми во наредната сезона, шпанскиот тренер реши да ја активира повратната клаузула и да го врати 22- годишниот бек од ПСВ Ајндховен, Хозе Анхел Есморис Тасенде, попознат како Анхелињо. „Граѓаните“ минатото лето го продадоа овој фудбалер на ПСВ за 5.5 милиони евра и во таа прилика ставија клаузула по која можат да го вратат за 12 милиони евра, која сега одлучија да ја активираат.