Гвардиола не му верува на својот фудбалер: Стерлинг не може да се споредува со Роналдо и Меси (ВИДЕО)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека големата sвезда на „Етихад“, Рахим Стерлинг, не може да се спореди со петкратните добитници на „Златната топка“, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Тој е презадоволен од играта на својот фудбалер, но исто така смета дека има уште многу да учи од најдобрите. 

Јас сум презадоволен од играта што ја покажува Стерлинг во Манчестер Сити и во англиската репрезентација. Се надевам дека тој не ги чита и слуша таквите работи, рече Гвардиола за споредбата помеѓу Стерлинг и двете суперsвезди.

Шпанецот воедно веше прашан зошто смета дека ваквите споредби можат да имаат негативен ефект врз Стерлинг.

Бидејќи никој не може да се споредува со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Никој, одговори Гвардиола.