Гвардиола: Ќе останам во Манчестер сити дури и да нè исфрлат од елитата!

Искусниот тренер Пеп Гвардиола реши да потпише нов договор со Манчестер сити и во клубот ќе остане без разлика на тоа што премиерлигашот се соочува со испаѓање во понизок ранг.

Против „граѓаните“ се води сериозна истрага со 115 обвиненија, но Гвардиола јасно кажа дека ќе остане во клубот без разлика дали ќе бидат исфрлени и во најнизок ранг.

„Не знам што ќе се случи со нас, може да бидеме исфрлени и во петтата лига, па дури и во најнизок ранг, но едно е сигурно, јас ќе останам во клубот. Новиот договор е на две години од таа причина. Мојата иднина ја гледам во Манчестер сити“, кажа Гвардиола.