Гвардиола ќе има 150 милиони фунти за летни трансфери, приоритет е соиграчот на Елмас

Раководството на Манчестер сити ќе му обезбеди 150 милиони фунти за траснфери на Пеп Гвардиола, за време на летниот трансфер рок, пишува „Гардијан“.

Како што е познато, вчера Спортскиот арбитражен суд ја укина двегодишната казна на „граѓаните“ за не учество во Лигата на шампиони. Покрај тоа, судот во Лозана ја намали казната од 30 милиони евра на 10 милиони евра.

Поради овие два фактори, англискиот гигант ќе има повеќе можности да привлече играчи од висока класа. Меѓу големите цели на Гвардиола се централен и лев дефанзивец. Шпанскиот менаџер може да ангажира и нов напаѓач, поради можноста Серхио Агуеро да замине следното лето по истекот на неговиот договор.

Меѓу играчите на мета на Гвардиола се левиот бек на Баерн Минхен, Давид Алаба и централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали, кој воедно е соиграч на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.