Гвардиола ѝ предложи тренер на управата на Арсенал

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има идеја за тоа кој би можел да го наследи Арсен Венгер на клупата на Арсенал.

Венгер по 22 години заминува од Арсенал, па „топчиите“ во сезоната 2018/19 ќе влезат со ново тренерско име, иако засега не е познато кој би можел да биде.

„Виера е подготвен да стане врвен тренер. Најверојатно има многу кандидати за тренерското место во Арсенал, но тие мора да го одберат најдобриот. Сигурен сум дека Виера е вистинската личност за таа работа. Има голем талент, а неговиот потенцијал дефинитивно ќе се види еден ден“, вели Гвардиола.

Венгер претходно спомена дека Виера може да биде тренер на „топчиите“. Инаку тој е поранешен играч на Арсенал, за кој одигра 279 меча и постигна 29 голови.

Освен него, кандидати за тренерската позиција се Луис Енрике, Масимилијано Алегри, Брендан Роџерс, Карло Анчелоти и многу други.