Гвардиола: Ако не ме избркаат ќе останам во Сити

Еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот, Пеп Гвардиола, истакна дека доколку не добие отказ, тој ќе остане во клубот. 

„Граѓаните“ оваа сезона се далеку од титулата во Премиер лигата, бидејќи заостануваат 14 бода зад лидерот Ливерпул.

Свесен од тоа дека загубија премногу бодови, Гвардиола смета дека е потребно напорно тренирање се со цел да се подобрат, иако во последните неколку кола во домашното првенство Сити игра одлично. 

Ниту еден менаџер не победува постојано, јас уживам во работата со екипата. Загубивме неколку натпревари, така да сега мора напорно да тренираме со цел да бидеме подобри. Останувам со тимот до крајот на договорот, ако не ме отпуштат од клубот се разбира, истакна Гвардиола.