Гром од ведро небо: Мајсторијата на Христов избрана за гол на денот во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Фантастичниот гол на Ѓорѓи Христов додека го носеше дресот на Барнсли, денеска беше одбележан од официјалната Фејсбук страна на „Премиерлгиата“ како гол на денот. 

Македонската легенда Христов на 31 март во 1998 година, постигна фантастичен погодок од контранапад во дуелот против Блегбурн.

А „Премиерлигата“ не го заборава Македонецот, па денеска објави видео во негова чест.

Христов 38 пати го носеше дресот на Барнсли, а осум пати успеа да се запише во листата на стрелците. За премиерлигашот настапуваше во периодот од 1997 до 2000 година.