Гризман во Барса доаѓа како супер засилување, а ќе има дочек на – празен стадион!?

Француската суперѕвезда Ентоан Гризман треба да дојде во Барселона за 120 милиони евра вреден трансфер од Атлетико Мадрид, но веќе сигурното екстра засилување на Каталонците во моментов е замрзнато, поради проблем Каталонците да извадат банкарска гаранција поради неликвидност.

Додека се очекува официјалниот трансфер и нова трансфер-бомба летово во шпанските медиуми веќе излезе дека францускиот ас нема да има дочек и промоција од соништата. Причина? Навивачите на Каталонците не се пресреќни што Гризман доаѓа кај нив, па Барселона одлучила промоцијата да биде пред празни трибини на „Камп Ноу“ од безбедносни причини.

Приврзаниците на Каталонците имаат голем анимозитет кон Гризман, откако ланското лето Французинот ги изигра, па веќе сигурниот трансфер се изјалови и тој реши да остане уште една сезона во Мадрид.

Првпат фудбалер на Барселона нема да истрча на стадионот, туку промоцијата ќе биде само во клупските простории пред претставниците на медиумите.