Гризман вели не избрал клуб, а директорот на Атлетико ја откри тајната!

Иако француската ѕвезда Ентоан Гризман вчера објави дека не знае уште каде ќе игра во следната сезона и побара трпение уште две недели, директорот на доскорешниот клуб на извонредниот напаѓач Атлетико Мадрид сепак ја откри тајната – оди во Барселона!

Тоа што од поодамна се шпекулираше сега ќе добие потврда и се очекува наскоро да биде сѐ официјализирано. Според Хил Мартин, Гризман оди во Барселона, а тие уште во март годинава знаеле дека тој трансфер е готов.

„Уште во март знаевме дека Гризман ќе оди во Барселона“, реле Мартин на гостување за едно шпанско радио

Барселона ќе плати 120 милиони евра за обесштетувањето за да го добие Французинот, кој пред неполн месец објави дека заминува од Атлетико, само една година откако реши да остане и да го одбие веќе договорениот трансфер во Каталонија.

Инаку меидумите во последните две недели најавуваа дека Гризман ќе заврши во ПСЖ, а дека Манчестре јунајтед ќе си го урне клупскиот рекорд и ќе плати 120 милиони евра за да го купи. Но, по се изгледа сето тоа е само пуста желба, штом Французинот од поодамна веќе договорил сѐ.