Гризман сакал да потпише за Арсенал, но Ливерпул им го расипал трансферот

Францускиот напаѓач Антоан Гризман го напушти Атлетико Мадрид ова лето и потпиша за екипата на Барселона. За овој трансфер, каталонскиот гигант издвои дури 120 милиони евра.

Иако важеше за големо засилување во тимот од „Ноу Камп“, сепак, Барса не е многу среќна со неговите игри на почетокот од сезоната, но верува дека Гризман ќе ги исполни очекувањата.

Французинот се поврзуваше со Барселона и една година порано, но од приватни причини тогаш остана во Атлетико и потпиша нов договор со клубот.

Сепак, тоа не беше единствениот пат кога Гризман се најде на еден чекор од напуштањето на Атлетико Мадрид. Во летото 2017 година, тој речиси се договорил со Арсенал, но во последните моменти од трансфер рокот одбил да замине во лондонскиот клуб.

Поранешниот новинар на Би-Би-Си, Дејвид Орнстејн, пред неколку дена откри дека Гризман имал желба да потпише за Арсенал во 2017 година, но дека на крајот Ливерпула ја расипал оваа зделка.

Имано, во финишот од сезоната 2016/17, Ливерпул успеа да стигне до четвртото место на табелата што води во Лигата на шампионите, а тоа му создаде главоболки на Арсенал, кој имаше бод помалку и заврши на петтото место. На крајот, Гризман одби да замине на „Емирати“ затоа што сакаше да игра во Лигата на шампиони, па остана во Атлетико.

Знаев дека Арсенал ќе го донесе Антоан Гризман ако освоеше едно од местата во кои водат  во Лигата на шампионите во летото 2017 година. На нив малку им фалеше да бидат пред Ливерпул, па затоа трансферот пропадна. Иронично, за Арсенал тоа беше прв пат по 20 години да не заврши меѓу четирите најдобри. Затоа останаа без одличен напаѓач, исуакна Орнстејн.