Грешката на голманот на Монако за добредојде на Анри (ВИДЕО)

Монако лошо ја почна сезоната во француската Лига 1, а со поразите продолжија и против Стразбур во саботата (2-1) и тоа на дебито на Тјери Анри на тренерската клупа.

Анри на почетокот на неделата беше поставен за нов тренер на Монако, но дебито ќе го памети по лошо и тоа најмногу поради глупостите кои ги правеа неговите играчи.

Домаќините стигнаа до предност во 17. минута од дуелот, кога голманот на Монако направи аматерска грешка и дозволи топката да влезе во неговата мрежа.