Грасхоперс го награди Ѓорѓев со договор до 2022 година (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев потпиша нова соработка со Грасхоперс до 2022 година, откако во претходниот период со успех настапуваше за швајцарската екипа.

Грасхоперс на својата веб-страна објави дека Ѓорѓев го заслужил новиот договор со неговите настапи, па соопштија дека се среќни што потпишале нова соработка со македонскиот фудбалер.

Ѓорѓев досега одигра 66 меча за Грасхоперс, а притоа успеа да постигна девет голови и десет асистенции.