„Гранде Мачедоне“: Пандев го „тресна“ редовниот муштерија Јувентус! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев со асистенција и феноменален погодок го „среди“ Јувентус во рамки на 28. коло од Серија А. 

Џенова и Јувентус одиграа поприлично мирно прво полувреме, а возбудувањата дојдоа во вториот дел, откако Пандев влезе во игра во 60 минута од натпреварот. Македонецот веднаш донесе промена во играта, а најпрвин асистираше за првиот гол на Џенова, кој беше дело на Стефано Стураро.

Но, асистенцијата не му беше доволна, па Пандев својот фантастичен настап го „запечати“ и со гол. Џенова истрча во контра, Кристијан Куаме одлично го проигра во простор, а Македонецот фантастично биеше во мрежата на Матија Перин.

Со оваа победа Џенова е 12 со 33 бода, додека Јуве останува убедливо прв со 75 бода на своето конто. Пандев и Џенова во нардното коло гостуваат кај Удинезе, додека Јуве ќе го пречека Емполи.