Сабицер во Манчестер јунајтед само до јуни годинава!

Манчестер јунајтед своето второ засилување во овој зимски преоден рок го добива денеска во австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер, откако конечно е договорен заемот од Баерн Минхен, ама само до крајот на сезонава – до јуни годинава!

Иако се најавуваше дека ќе има опција за откуп на договорот по завршување на сезоната, во преговорите на Јунајтед и Баерн е договорен исклучиво заем во следните пет месеци, без никаква клаузула за откуп.

Сабицер пред повеќе од час ипол се договори со Јунајтед за своите лични услови и веднаш замина за Манчестер за да ги исврши лекарските прегледи и да го потпише договорот, а во меѓувреме до полноќ кога завршува трансфер пазарот, двата клуба само треба компетните документации да ги разменат и потпишат за да се заврши бирократската процедура.

Сабицер доаѓа за да ја пополни дупката во средниот ред откако Кристијан Ериксен, данската ѕвезда има посериозна повреда на скочниот зглоб и ќе паурира до почетокот на мај. Претходно месецов, Јунајтед договори заем на холандскиот напаѓач Ваут Вегхорст, исто така до крајот на сезонава.