Готово е: Манолас оди во Наполи за 38 милиони евра

Изгледа Наполи сериозно реши да се вклучи во трката за титулата во Серија А. На „Сан Паоло“ веќе стигна десниот бек на Емполи, Џовани ди Лоренцо, договорен е и Хамес Родригез од Реал Мадрид, а фудбалерот на Рома, Костас Маналос само детали го делат од преселба во Неапол.

Италијанските медиуми тврдат дека грчкиот репрезентативец ќе биде новиот фудбалер на Наполи. Наполитанците ќе ја платата откупната клаузула која изнесува 36 милиони евра. Гркот ќе потпише четири годишен договор според кој ќе заработува 3.5 милиони евра годишно.