Готово е: Лестер прифати Мегваер да оди во Јунајтед – нов рекоден трансфер на стопер!

Англискиот репрезентативец Хери Мегваер и официјално станува најскапиот дефанзивец на светот, откако Манчестер јунајтед и Лестер конечно се договорија за 80 милиони фунти вредниот трансфер.

Јунајтед сакаше да го добие Мегваер за помалку пари, последната понуда им била 70 милиони, но Лестер ја одбил, па вечерва според информациите на англиските медиуми, паднал договорот и „црвените ѓаволи“ се договориле со „лисиците“ за стоперот. Засега нема точна информација колку ќе изнесува трансферот, но веќе се најавува дека Јунајтед ќе плати близу 80 милиону фунти, плус 10 милиони во бонуси во следниот период.

Со ова Мегваер станува најскапиот дефанзивец на светот надминувајќи го најдобриот премиерлигашки фудбалер за минатата сезона, Вирџил Ван Дијк од Ливерпул, кој дојде пред две години од Саутемптон. Холанѓанецот дојде на „Енфилд“ за 75 милиони фунти.

Според најавите во следните два-три дена Мегваер и официјално ќе биде промовиран како нов фудбалер, а до крајот на неделава Јунајтед треба да го заврши и трансферот на Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон.