Готово е: Баерн го урна клупскиот рекорд – светски првак доаѓа во Минхен!

Германскиот великан Баерн Минхен, петкратен европски првак го урна клупскиот рекорд за трансфер, откако и официјално го договорил францускиот репрезентативец од Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез и левиот бек од 1 јули и дефинитивно ќе се пресели во Баварија.

Баерн уште зимоска сакаше да го купи Лукас, но договор помеѓу Баварците и Атлетико немаше, но минхенскиот гигант сега ја активирал откупната клаузула на фудбалерот, откако претходно ги договорил личните услови со левиот бек, кој летоска стана светски првак со Франција.

Угледниот магазин „Франс Фудбал“ утрово објави дека сите формалности за трансферот се завршени и дека Лукас веќе е фудбалер на Баерн и на лето тој ќе се пресели во Германија. Французинот ќе потпише шестгодишен договор, до 2025 година, а Атлетико на него ќе заработи 85 милиони евра, што е најскап трансфер во историјата на Баерн. Фудбалерот, пак, ќе има 13 милиони евра бруто плата и со тоа ќе биде еден од најплатените во германскиот великан.

Само Роберт Левандовски со 17 милиони и Томас Милер и Џером Боатенг со по 16 ќе бидат поплатени од него. Инаку главен посредник во трансферот е Џовани Бранкини, човекот кој помогна на „Алијанц Арена“ да дојде Пеп Гвардиола, а претходно и Лука Тони

Баерн на лето ќе се засили и со десен бек и тоа репрезентативниот другар на Лукас, Бенжамин Павар, кој ќе дојде од Штутгарт.