Гореше Амстердам - Ајакс го доби големото Класикер дерби протов Фејенорд (ВИДЕО)

Се менуваат генерациите, се менуваат и тимовите, но традицијата во холандскиот фудбал и понатаму трае. Ајакс е газда во големото дерби Класикер, а тоа го потврди и со денешниот триумф од 2-0 над Фејенорд.

Гореше Амстердам, жешко беше на трибините, а и на теренот имаше што да се види. Тркалото на среќата лесно можеше да се заврти на страната на гостите, но пресуди инвидуалниот квалитет кај избраниците на Ерик Тен Хаг.

За само три минути Ајакс го реши натпреварот и ја забележа третата победа во низа во големите дерби пресметки. Се играше 50-та минута кога Шоне проби по десната страна, топката по карамболот дојде до Бек, кој рутинирано ја испрати во поодалечниот агол.

А, по само три минути Ајакс ја удвои предноста благодарение на префинетиот удар со глава на Хунтелар. Чиста класа за 2-0.

На табелата ПСВ е лидер со 46, Ајакс сега има два помалку, но и натпревар повеќе. АЗ Алкмар е трет со 39, Фејенорд остана петти со 32...