Голем триумф на Реал: Касемиро е новиот крал на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја забележаа дванаесеттата победа сезонава во Ла Лига, откако славеа на домашен терен против Севилја со 2-1, во рамки на 20. коло.

Најзаслужен за овој триумф на „кралевите“ беше Касемиро со два погодока, во 57. минута и во 69. минута, а гостите единствено во 64. минута преку Де Јонг успеаја да го израмнат резултатот, но само за кратко.

Со оваа победа Реал е лидер на табелата со 43 бода, три повеќе во однос на Барселона, која натпреварот од ова коло ќе го одигра утре против Гранада.