Голем проблем: Неверојатниот Ансу Фати бара десет пати поголема плата од Барса!

Тинејџерската сензација Ансу Фати (17 години) беше централната фигура во неодамнешната победа на Барселона во дуелот со Вилјареал (4-0), откако постигна два погодока во воведниот меч на Каталонците од новата сезона во ЛА Лига, со што стана најмлад играч кој постигна двоцифрен број голови во некоја од петте најсилни европски лиги.

Сите му предвидуваат блескава иднина, поради што уште сега е и тоа како примамлива цел за најголемите клубови во Европа. Манчестер Јунајтед веќе ѝ понуди на Барса 150 милиони евра за Фати, но тоа беше одбиена непосредно пред неговиот прв сениорски договор што значеше зголемување на откупната клаузула на неверојатни 400 милиони евра.

Но, бидејќи уште е малолетен, договорот што го потпиша летово ќе трае само до 2022 година, кога ќе има можност да потпише нов. Барса уште од сега му понуди зголемување на платата од сегашните 300.000 евра на милион евра годишно, но тоа ниту од далеку не го задоволува големиот талент. Новата фудбалска сензација бара десет пати поголема сума, односно плата од 10 милиони евра годишно.

Овој проблем засега е пролонгиран, додека не поминат скорешните избори за претседател на клубот, по што новата управа ќе има тешка задача да најде заеднички јазик со Фати, кој уште сега е сметан за најголема иднина на клубот од „Камп Ноу“.