Голем момент за македонскиот талент: Чурлинов дебитираше во Бундеслигата

Најмладиот македoнски дебитант во репрезентацијата Дарко Чурлинов дебитираше денеска во најсилната германска лига, Бундеслигата, откако намечот во Волфсбург ги доби последните 20 минути од мечот за својот Келн.

Чурлинов веќе подолго време е дел од Келн, беше еден од најдобрите младинци, прв стрелец на тимот, па летово доби шанса и се наметна за да се избори за место во сениорскиот тим, а денеска во воведното бундеслигашко коло заигра од 70-та минута, на мечот откако Волфсбург водеше со 2-0.

Ова е историски и голем момент за младиот макеоднски фудбалер и мотив за уште поголема работа.