Голеада во Париз: ПСЖ го урна Бордо во меч со седум погодоци (ВИДЕО)

Одличен натпревар беше одигран во Париз во 26. коло од француската Лига 1, а на крајот ПСЖ триумфираше со 4-3 против Бордо.

Бордо прв постигна гол преку Хванг во 18. минута, по што Кавани врати набрзо со погодок за 1-1. Маркињос во првата минута од судиското надополнување погоди за 2-1, по што Пабло израмни на 2-2.

Во второто полувреме Маркињос го врати водството на парижаните (3-2), по што Мбапе зголеми на 4-2, а Пардо во 83. минута ги постави конечните 4-3.

ПСЖ е прв на табелата со 65 бодови, односно 13 повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.