Голеада на „Олимпико“: Рома ја совлада Специја со гол во 91. минута (ВИДЕО)

Рома одигра неверојатен меч против Специја на „Олимпико“ во Рим на кој беа постигнати дури седум голови, а домаќинот славеше со 4-3 во 19. коло од италијанската Серија А.

Мајорал во 17. минута од мечот постигна гол за 1-0, по што Специја израмни на 1-1 во 24. минута. Во вториот дел Рома тргна жестоко и постигна два погодоци преку Мајорал и Карсдорп (3-1).

Специја не се предаваше, па преку Фариас намали на 2-3 во 59. минута, а во 90. минута Верде ги шокираше домаќините и израмни на 3-3. Меѓутоа, Рома ги освои трите бода против Специја со голот на Пелегрини во следната акција.

Рома има 37 бодови на третата позиција, додека пред неа се Интер со 40 и Милан со 43 бодови.